Навивачите мора да ни веруваат

Новата сеозна од Серие А не започна онака како што очекуваа фудбалерите и навивачите на Интер.

„Нероазурите“ по шест кола го заземаат 10-то место со вкупно 8 поени, а претседателот на клубот, Ерик Тохир, ги повика навивачите да веруваат во раководството на клубот.

„Навивачите мора да ни веруваат бидејќи се што правиме, го правиме за доброто на клубот. Тука никој не бара лична популарност, па така ниту јас“, вели Тохир.

„Заради тоа, она што можам да му гоподарам на клубот е својата напорна работа. Затоа ни е неопходна поддршката од навивачите со помош на која ќе ги оствариме целите“, кажа Индонезиецот и повтори дека сака Интер да го врати меѓу десетте најдобри екипи во светот.

„Затоа е важно при купувањето на секој играч гледаме на сите можни аспекти технички, финансиски и комерцијални. Тој модел го користевме во Ди Си Јунајтед во Америка, а веруваме дека е одржлив и тука“ подвлече Тохир, а пренесуваат италијанските медиуми.