Спорт

Навивачите на Јунајтед огорчени од славјето на Дани Велбек

Навивачите на Јунајтед огорчени од славјето на Дани Велбек

Навивачите на Манчестер јунајтед се револтирани и гневни на својот екс-миленик, англискиот напаѓач Дани Велбек затоа што тој бурно го прослави погодокот во ФА-купот во дресот на “топчиите”.

Арсенал за прв пат по девет години славеше на “Театарот на соништата” и обезбеди пласман во наредната фаза во ФА-купот, а погодокот за триумф од 1:2 го постигна Дани Велбек. По постигнувањето на голот Велбек прослави навистина бурно, а фановите на “ѓаволите” револтирани по мечот ја коментираа неговата постапка.

“Какво непочитување”, “За ова ли го држевме во клубот?”, “Рани куче, да те лае” и “И Роналдо даде гол на “Олд Трафорд”, но не реагираше вака” се само дел од коментарите кои се појавија на социјалните мрежи и беа поврзани со името на Велбек, а тој по крајот на средбата на новинарско прашање образложи дека Ван Гал е виновник за “лудото славје”.

“Минав одлични години во Јунајтед, но потоа, Ван Гал дојде во клубот и ми кажа дека не сум играч кој има квалитет да игра во тој клуб. Бев избркан буквално како пес и токму затоа одлучив да славам бурно и да ги покажам моите “квалитети””
, изјави Велбек.

Во наредната фаза на ФА-купот, “топчиите” ќе играат против победникот од дуелот меѓу екипите на Бредфорд и Рединг.

Извор: Спортмедиа