Спорт

Навивачите на Вецлар имаат нов миленик – нашиот Дејан Манасков

Навивачите на Вецлар имаат нов миленик – нашиот Дејан Манасков

Малку време му требаше на Дејан Манасков да покаже што знае и умее на ракометните терени во Бундеслигата.

На вториот одигран натпревар за својот нов тим Вецлар, Манасков веднаш распали и мечот против Мелсунген го заврши со фантастични 9 погодоци зад своето име.

Иако неговиот тим го загуби мечот со 31:29, сепак публиката го препозна извонредното ново засилување кое пристигна во редовите на Вецлар, па по завршувањето на натпреварот тие го скандираа името на нашето репрезентативно крило.