Навивачите на Мундијалот во Русија ќе можат во живо да следат ВАР анализа

Кога на Светското првенство, коешто на 14-ти јуни започнува во Русија, судиите како помош при спорните ситуација ќе ја користат видеоанализата – VAR, навивачите тоа ќе може да го следат на големиот екран на стадионот, соопштија во четвртокот фудбалските функционери на семинарот во Фиренца.

Со овој потег, како што е кажано, ФИФА сака јасно да ги претстави одлуките на судиите пред навивачите.

„Секако, свесни сме за важноста од комуникацијата и во и надвор од стадионот. Ќе ги прикажеме сите графики и забавено моменти од секоја спорна ситуација на големите екрани на стадионите“, изјави Себастијан Рунге, кој е задолжен за иновации во ФИФА на семинарот во Фиренца.

Целата комуникација на натпреварите на Светското првенство во Русија ќе биде испратена на едно лице во ткн Соба за анализа на видеата, Тоа лице би требало да има увид во сите настани, треба да види што судијата гледа и да ја слушне сета негова комуникација со помошниците.

Ова лица, исто така, ќе даде релевантни информации што е можно побрзо и на коментаторите и на оние коишто се одговорни за екраните на стадионите. Толкувањето на видеозаписот, исто така, ќе може да се следи и на веб страницата на ФИФА и на телевизиските екрани ширум светот, истакна фудбалскиот функционер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.