Наводно убиен еден од двајцата напаѓачи во Барселона, одговорноста ја презема ИД

Каталонската полиција објави дека во четвртокот го уапсела еден од осомничениот за смртоносниот терористички напад во центарот на Барселона, а медиумите јавуваат дека другиот е убиен во предградие на каталонската престолнина, а истовремено агенцијата Reuters пренесе дека одговорноста за нападот ја преземала ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД).

Засега не е познато колку вкупно напаѓачи учествувале во нападот, во кој според претставника на покраинската влада на Каталонија загинале 13 луѓе и повредени се уште 50.

Полицијата претходно извести дека смртно настрадало едно лице и за 32 повредени, но Хоаким Форн од министерството за внатрешни работи ги потврди претходните медиумски извештаи за 13 загинати.

Порталот на дневниот весник La Vanguardia објави дека еден од осомничените напаѓачи полицајците смртно го застрелале во предградие на Барселона.

Полицијата на Twitter ги демантираше информациите дека двајца вооружени мажи за забарикадирале во турски ресторан во близина на нападот врз пешаците со комбе во центарот на Барселона.

Исламската заедница во Шпанија веднаш го осуди нападот кој во 17,20 часот се случи во преполната туристичка авенија Ла Рамбиа.

Полицијата го третира инцидентот како организиран терористички чин кој потсетува на нападите ширум Европа со возила започнати од јули минатата 2016 година во француска Ница кога беа убиени 84 луѓе со камион.

Шпанските медиуми пренесуваат дека е уапсен млад маж идентификуван како Дрис Оукабир, по потекло од шпанската енклава во северна Африка, кој го изнајмил комбето во местото Санта Перпетуа де ла Могода, близу Барселона.

Според полициски извори, напаѓачите изнајмиле два бели фургона од кои едниот бил користен во нападот, а вториот служел за бегството од местото на злосторството.

Сведоците на нападот изјавуваат за медиумите, бело комбе со брзина од околу 80 километри на час одненадеж се појавило и движејќи се цик-цак ги косел минувачите, додека другите барале некакво засолниште.

„Движеше уривајќи сѐ што можеше пред себе. Луѓе паѓаа како покосени“, изјавил за AFP таксистот Оскар Кано.

Улицата Ла Рамба е една од туристички најпосетените места преполна со продавници, локали и ресторани, во област во која има педесетина хотели. „Се наоѓав во продавница кога продавачите ја заклучија и ни рекоа да останеме внатре“, изјавило едно момче.

Комбето изминало меѓу 300 до 500 метри, се запре, а напаѓачот излегол и побегнал во споредна уличка, според исказите на очевидци.

„Не сум сигурен дали имаше оружје, но нешто држеше во рацете. Беше на возраст меѓу 18 у 23 години, слаб и со костенлива коса“, изјави случаен минувач Анхел.

Луѓето биле практично расфрлени на земјата, некои повредени а некои за да се заштитат. „Видов крв“, изјавила Ерминиа Мата која се засолнила во една продавница. „Ги спуштивме ролетните и останавме заклучени, бидејќи полицијата никому не му дозволуваше да излезе надвор“, додала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.