НБА: Антиќ “двоцифрен” во 14-та последователна победа на Атланта

Атланта не прекинува да реди победи во НБА лигата, а најнова жртва на “јастребите” е тимот на Индијана.

Тимот каде настапува нашиот Перо Антиќ славеше со 110:91, а токму македонскиот интернационалец беше еден од најзаслужните во победата на домашниот тим, забележувајќи 12 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Покрај Антиќ, уште пет кошаркари на Атланта имаа двоцифрен учинок поени, и тоа Демари Керол и Џеф Тиг по 17, Ал Хорфрод 14, Пол Милсап 12 и Кајл Корвер 10 поени.

Во редовите на “пејсерси” најмногу се истакна Мајлс со 18 поени.

Ова е четиринаесетта победа во низа за Атланта, која во петок го пречекува тимот на Оклахома. Мајк Баденхолцер со оваа победа се етаблираше како најуспешен тренер во Источната конференција, па ќе го води тимот на Истокот во Ол-стар мечот.

НБА Резултати:

Шарлот-Мајами 78:76
Кливленд-Јута 106:92
Филаделфија-Њујорк 91:98
Детроит-Орландо 128:118
Мемфис-Торонто 92:86
Минесота-Далас 75:98
Њу Орлеанс-ЛА Лејкерс 96:80
Вашингтон-Оклахома 103:105 (пр)
Феникс-Портланд 118:113
Сакраменто-Бруклин 100-103