НБА: Антиќ и Атланта ќе играат против Бруклин во првото плеј-оф коло

Синоќа во НБА лигата беа одиграни и последните 14 натпревари од регуларниот дел, по што и конечно стана јасно кој со кого ќе вкрсти во првото коло од плеј-офот.

Голден Стејт славеше против Денвер со 133:126 и со вкупно 67 победи и 15 порази го понесе приматот најдобар тим во Западната конференција и воопшто во целата лига за регуларниот дел од сезоната. Најдобар на Истокот е тимот на нашиот Перо Антиќ, Атланта Хоукс со скор од 60 победи и 22 порази.

Најмногу причини за разочараност има Расел Вестбрук, кој во отсуство на Кевин Дурант го носеше на грб тимот на Оклахома, но сепак не успеа да го одведе во плејофот. Оклахома синоќа славеше на гостувањето против Минесота со 113:138, меч на кој Вестбрук реализираше 37 поени, 8 скокови и 7 асистенции, но и тоа беше недоволно да се стигна до осмата позиција на “западот”. На тоа место се најде Њу Орлеанс, кој во клучниот меч славеше над Сан Антонио со 108:103, прекинувајќи ја серијата од 11 победи на актуелниот првак.

НБА Резултати:

Филаделфија – Мајами 101:105
Торонто – Шарлот 92:87
Бруклин – Орландо 101:88
Чикаго – Атланта 91:85
Кливленд – Вашингтон 113:108 (по прод.)
Далас – Портланд 114:98
Хјустон – Јута 117:91
Милвоки – Бостон 100:105
Минесота – Оклахома 113:138
Њу Орлеанс – Сан Антонио 108:103
Њујорк – Детроит 90:112
Мемфис – Индијана 95:83
ЛА лејкерс – Сакраменто 99:122
Голден стејт – Денвер 133:126

Двојки од првото коло во плеј-офот:

Источна конференција

Атланта – Бруклин
Кливленд – Бостон
Чикаго – Милвоки
Торонто – Вашингтон

Западна конференција

Голден стејт – Њу Орлеанс
Хјустон – Далас
ЛА клиперс – Сан Антонио
Портланд – Мемфис

Како најава за плеј-офот, еве ги и најинтересните пет моменти од регуларниот дел кога се во прашање фановите во НБА…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.