Спорт

НБА: Антиќ и Атланта победоносно низ Лос Анџелес

НБА: Антиќ и Атланта победоносно низ Лос Анџелес

По подолго време стартер за својот тим во НБА лигата беше и нашиот Перо Антиќ, кој во отсуство на неколку стандардни првотимци се најде помеѓу првите пет на гостувањето во Лос Анџелес кај “лејкерси”.

Иако одигра 23 минути, Антиќ имаше скромен учинок од 3 поени, 6 скока и 2 асистенции. Најефикасен беше “плејот” на Атланта, Денис Шродер кој запиша 23 поени и 10 асистенции, помагајќи му на својот тим да слави со 86:91.

Кливленд забележа рутинска победа на гостувањето против Орландо благодарение на 33-те поени на Ирвинг, додека ЛА Клиперс загуби на домашен терен од Хјустон со 98:100, меч на кој Блејк Грифин се врати во тимот на “клиперси”, но не успеа да помогне неговиот тим да избегне пораз од ривалот од Западната конференција.

НБА Резултати:

Оклахома сити – Чикаго 109:100
ЛА клиперс – Хјустон 98:100
Њу Орлеанс – Денвер 111:118 (по прод.)
Орландо – Кливленд 108:123
Сан Антонио – Минесота 123:97
Торонто – Портланд 97:113
Феникс – Њујорк 102:98
ЛА лејкерс – Атланта 86:91