НБА: Антиќ и “јастребите” летаат високо на Истокот

Кошаркарите на Атланта продолжуваат со одличните игри во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен беше совладан еден од најсилните тимови на Истокот, Вашингтон Визардс.

“Јастребите” славеа со 31 поен разлика, односно 120:89, со што и понатаму летаат високо во Источната конференција, на самиот врв.

Дури осум играчи на победничката екипа завршија со двоцифрен број на поени. Најдобар беше Корвер кој мечот го заврши со 19 поени, а веднаш зад него беше Керол кој забележа 15 поени.

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој повторно одигра одличен натпревар и забележа 12 поени, 5 скокови и 2 асистенции, веднаш по натпреварот даде кратко интервју во кое нагласи дека еден од главните фактори за успехот на неговиот тим е тоа што сите кошаркари веруваат во системот на тренерот Баденхолцер, но во исто време и се забавуваат на теренот.

НБА резултати:

Атланта – Вашингтон 120:89

ЛА Клиперс –Мајами 90:104

Мемфис – Феникс 122:110 (по продолжение)

ЛА Лејкерс – Портланд 94:106

Сакраменто – Кливленд 103:84