НБА: Антиќ одличен во победата над Мемфис, Кливленд и понатаму се мачи без Леброн

Атланта и понатаму продолжува да “гази” во НБА лигата, а најнова жртва на “јастребите” беше тимот на Мемфис.

Атланта славеше со 96:86, што е 6-та победа во низа или вкупно 20-та на последните 22 натпревари.

Одличен учинок во оваа најнова победа на неговиот тим имаше и нашиот Перо Антиќ, кој за 17 минути на паркетот забележа 13 поени, 3 скока и 1 украдена топка.

Најефикасен кај домаќините беше Џеф Тиг со 25 поени, а добра партија пружи и Кајл Корвер со 14 поени.

Кливленд продолжува со лошите игри, особено откако во тимот го нема Леброн Џејмс, па синоќа повторно загуби, овојпат на домашен терен од Хјустон со 93:105. На домаќините не им помогна ниту одличната партија на Кајри Ирвинг, кој имаше учинок од 38 поени.

На полувремето од овој меч беше соопштено дека управата на Кливленд успеала во своите редови да го донесе Тимофеј Мозгов, рускиот центар кој настапуваше за тимот на Денвер. “Нагетс” за него ќе добијат два пика од првата рунда на драфтот следната година.

Ова е трет играч кој во последните три дена потпиша за “кавси”, откако претходно во големата трампа во која учествуваа Кливленд, Њујорк и Оклахома, кај нив пристигнаа Џеј Ар Смит и Иан Шамперт.

НБА Резултати:

Голден стејт – Индијана 117:102
ЛА клиперс – ЛА лејкерс 114:89
Минесота – Феникс 111:113
Сакраменто – Оклахома 104:83
Далас – Детроит 95:108
Денвер – Орландо 93:90
Атланта – Мемфис 96:86
Бруклин – Бостон 81:89
Чикаго – Јута 77:97
Филаделфија – Милвоки 77:97
Кливленд – Хјустон 93:105
Вашингтон – Њујорк 101:91
Шарлот – Њу Орлеанс 98:94