НБА: Антиќ со 8 поени во втората победа против Бруклин

Перо Антиќ и Атланта стигнаа и до водство од 2:0 во серијата од плеј-офот против Бруклин, славејќи на синоќешниот натпревар со 96:91.

Најефикасен кај Атланта беше Пол Милсап со 19 поени, додека Корвер дуелот го заврши со 17 поени. Во поразениот тим Џек имаше 23 поени, а Лопез заврши со 20 постигнати поени. Антиќ за нешто повеќе од 13 минути на паркетот, постигна 8 поени, дополнети и со 2 скока.

Шампионот Сан Антониот успеа да израмни на 1:1 во серијата против ЛА Клиперс победувајќи по продолжение со 111:107, и на тој начин се стекна со предност на домашниот терен во продолжението од првата рунда на плеј-офот.

Најзаслужен за победата на гостите беше неверојатниот Тим Данкан кој со ефект од 28 поени и 11 скока го запиша својот 159-ти дабл-дабл во доигрувањето.

На последниот меч на вечерта Мемфис повторно лесно славеше против Портланд, овој пат со 97:82.