НБА: Антиќ солиден во победата против Феникс

Атланта запиша нова победа во НБА лигата, триумфирајќи синоќа против Феникс со 96:69.

Перо Антиќ имаше солиден настап откако за нешто повеќе од 12 минути постигна 7 поени, дополнети со 5 скока и 1 асистенција. Најефикасни во победата на Атланта беа ДеМари Керол, Мајк Мускала и Џеф Тиг со по 16 постигнати поени.

НБА Резултати:

Сакраменто – Минесота 116:111
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 105:100
Њу Орлеанс – Голден стејт 103:100
Оклахома – Сан Антонио 88:113
Мајами – Шарлот 105:100
Атланта – Феникс 96:69