НБА: Антиќ стартер во новата победа на Атланта

Тимот на Бостон Селтикс е најновата жртва на “јастребите” од Атланта. Тие на свој терен загубија со 91:105, во натпревар каде нашиот Перо Антиќ се најде во стартната петорка.

За 24 минути минати на паркетот, Антиќ постигна “само” 6 поени, на кои додаде и 5 скока и 4 украдени топки. Најефикасен во гостинскиот тим беше Џеф Тиг со 22 поени, додека Пол Милсап постигна 18.

НБА Резултати:

Портланд – ЛА Клиперс 94:100
Голден стејт – Мајами 104:89
Шарлот – Сан Антонио 93:98
Орландо – Хјустон 120:113
Бруклин – Мемфис 92:103
Детроит – Њу Орлеанс 94:105
Торонто – Филаделфија 100:84
Чикаго – Вашингтон 99:105
Бостон – Атланта 91:105
Денвер – Далас 114:107