НБА: Антиќ стартер во победата на Атланта против Кливленд

Најдобриот кошаркар во тимот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, доби лоша честитка од своите соиграчи за својот 30-ти роденден.

“Кралот” не настапи за својот тим на синоќешниот дуел против Атланта, а Кливленд загуби на гостувањето со 109:101.

Ова е втора победа за “јастребите” против еден од главните конкуренти за титулата, откако и пред неколку дена славеа против истиот противник на гости со убедливи 98:127.

Инаку за тимот на Атланта стартер беше нашиот Перо Антиќ, кој по подолго време, во отсуство на првиот центар Ал Хорфорд, доби шанса да заигра во првата петорка.

Сепак, Антиќ не ја искористи најдобро довербата од тренерот Баденхолцер и запиша скромни 5 поени, 2 асистенции и 1 скок.

Кај домашните најрасположени за игра беа Пол Милсап со 26 поени и 9 скокови како и Џеф Тиг, кој постигна 23 поени, 11 асистенции и 5 скока.

Кај “кавси” повратникот Кајри Ирвинг играше симултанка, постигна 35 поени и по 9 скокови и асистенции. Вреди да се напомене дека покрај отсуството на Џејмс, и втората ѕвезда во тимот, Кевин Лав поради повреда мораше да го напушти натпреварот, а за Варежао сезоната е веќе завршена.

НБА Резултати:

Атланта – Кливленд 109:101
Мемфис – Сан Антонио 95:87
Њу Орлеанс – Феникс 110:106
Орландо – Детроит 86:109
Чикаго – Бруклин 82:96
Далас – Вашингтон 114:87
Денвер – ЛА лејкерс 103:111
Јута – Минесота 100:94
Портланд – Торонто 102:97 (по прод.)
Голден стејт – Филаделфија 126:86