НБА: Атланта го наполни кошот на Сакраменто со 130 поени, Чикаго се мачи без ударниот бековски тандем

Тимот на Атланта експресно се рехабилитираше од поразот кој го доживеа на гостувањето кај “фенерџијата” Филаделфија и со 130:105 славеше убедлива победа против Сакраменто.

Најефикасни кошаркари во домашниот тим беа Кајл Корвер и Амари Керол со по 20 поени, додека во тимот на Сакраменто најмногу се истакна Руди Геј со 23 поени.

Перо Антиќ не беше во комбинација за овој натпревар поради повреда на скочниот зглоб.

Отсуството на Дерик Роуз и на Џими Батлер сериозно се одразува врз играта на Чикаго, па “биковите” претрпеа пораз на домашен терен од Мемфис од 91:101.

Марк Гасол го доби дуелот со својот брат Пау, центарот на Мемфис го заврши мечот со 23 поени, 4 скока и 4 асистенции, додека на спротивната страна повозрасниот од шпанските репрезентативци реализираше 13 поени и 11 скокови.

НБА Резултати:

Чикаго – Мемфис 91:101
Мајами – Бостон 90:100
Шарлот – Вашингтон 69:95
Атланта – Сакраменто 130:105
Милвоки – Њу Орлеанс 103:114
Денвер – Њујорк 106:78
Феникс – Голден стејт 80:98
ЛА клиперс – Минесота 89:76