Спорт

НБА: Атланта го “прескокна” Торонто и го превзема врвот на Истокот

НБА: Атланта го “прескокна” Торонто и го превзема врвот на Истокот

Со победата на Атланта над Јута и поразот на Торонто од Голден Стејт, дојде до промена на врвот во Источната конференција.

Атланта славеше против Јута со 92:98 и го превзема првото место на Истокот, кое долго време го чуваше тимот на Торонто. Најрасположени за игра во составот на Баденхолцер беа Џеф Тиг со 26, Пол Милсап со 15 и Ал Хорфорд со 11 уфрлени поени.

Хокси ја забележаа 19-та победа на последните 22 одиграни натпревари во НБА лигата.

Торонто загубија од најдобриот тим во лигата, Голден Стејт со 126:105. Стеф Кари ги предводеше “воините” со 32 поени, додека Спејтс постигна 26.

Во тимот на “репторси” одлични партии пружија Васкез, Лаури и Вилијамс со 25, 22 односно 20 поени.

НБА Резултати:

Шарлот – Кливленд 87:91
Орландо – Бруклин 98:100
Бостон – Далас 101:119
Њујорк – Детроит 81:97
Њу Орлеанс – Хјустон 111:83
Оклахома – Вашингтон 109:102
Милвоки – Индијана 91:94
Феникс – Филаделфија 112:96
Јута – Атланта 92:98
Голден стејт – Торонто 126:105
ЛА Лејкерс – Мемфис 106:109