НБА: Атланта и без помошта на Антиќ славеше против ЛА Клиперс

Атланта Хоукс, тимот за кој настапува и нашиот Перо Антиќ, продолжува со одличните игри во НБА лигата.

Иако тренерот на домашните се реши да не ги користи услугите на Антиќ, сепак тоа не влијаеше премногу на тимот бидејќи забележаа победа против еден од најдобрите тимови во НБА, ЛА Клиперс. Понесени на крилата на одличниот Демаре Керол, кој постигна 25 поени и 10 скокови, “јастребите” славеа со 107:104.

Кај гостите најефикасен беше Блејк Грифин со 21 поен, на кои надополни 11 скокови, додека солиден беше и Деандре Џордан со 15 поени и 22 скокови.

Вечерта ја одбележаа кошаркарите на ЛА Лејкерс кои без КобИ Брајант, кој тренерот Скот го одмораше, го совладаа Голден Стејт со 115:105 нанесувајќи им го само четвртиот пораз во оваа сезона.

Дури седуммина играчи на „Езерџиите“ имаа двоцифрен учинок, а најдобар беше Карлос Бузер со 18 поени, 9 скокови и 3 асистенции.

Кај „Вориорси“, кои и натаму имаат најдобар скор во лигата од 23 победи и 4 порази, Стеф Кари беше најдобар со 24 поени, 6 асистенции и 7 скокови, додека Клеј Томпсон урфли 18 поени.

НБА Резултати:

ЛА Лејкерс – Голден Стејт 115:105

Феникс – Далас 124:115

Атланта – ЛА Клиперс 107:104

Бруклин – Денвер 102:96

Мајами – Филаделфија 87:91

Оклахома – Портланд 111:115 (продолжение)

Милвоки – Шарлот 101:108

Кливленд – Минесота 125:104

Вашингтон – Чикаго 91:98

Орландо – Бостон 100:95

Индијана – Њу Орлеанс 96:84