Спорт

НБА: Атланта и Голден Стејт ги вратија “брејковите”, сериите израмнети на 2:2

НБА: Атланта и Голден Стејт ги вратија “брејковите”, сериите израмнети на 2:2

Синоќа беа одиграни два натпревари во НБА лигата, на кои славеа гостинските екипи.

Атланта и Голден Стејт успеаа да победат на гости против Вашингтон, односно Мемфис и да ги израмнат сериите на 2:2.

“Јастребите” забележаа победа со 101:106 во натпревар каде Џеф Тиг беше најзабележителен со 26 поени и 8 асистенции, додека Ал Хорфорд постигна 18 поени. Перо Антиќ за 15-тина минути поминати на паркетот постигна 7 поени, 2 скока и 1 асистенција.

Бредли Бил беше најдобар кај Вашингтон со 34 поени, а Пол Пирс имаше 22 поени.

На другиот натпревар, Голден Стејт конечно личеше на тимот од регуларниот дел од сезоната.

Најдобар во победата за израмнување на резултатот, беше Стеф Кари со 33 поени, а поддршка имаше и од Дрејмонд Грин со 16 поени, 10 скока и 4 асистенции. Клеј Томпсон заврши со 15 поени.