НБА: Атланта ја прекина серијата порази, Лејкерси подобри од Минесота

Екипата на нашиот Перо Антиќ, Атланта конечно успеа да ја прекине најдолгата серија од три порази едноподруго, откако синоќа победи на гостувањето против Орландо со 83:95.

Најзаслужен за оваа победа на “јастребите” беше Пол Милсап со 25 поени и 11 скока, а Антиќ за 22 минути игра запиша 5 поени и 4 скока.

Во дербито на дното Лејкерси ја совладаа Минесота со 101:99, а на “визардси” не им помогна ниту Лионел Меси, кој мечот го следеше од трибините, па загубија од Индијана со 101:103.

НБА Резултати:

Шарлот – Бруклин 88:91
Њујорк – ЛА Клиперс 80:111
Орландо – Атланта 83:95
Торонто – Чикаго 103:116
Вашингтон – Индијана 101:103
Бостон – Мајами 86:93
Мемфис – Кливленд 89:111
Минесота – ЛА Лејкерс 99:101
Њу Орлеанс – Хјустон 93:95
Денвер – Филаделфија 85:99
Јута – Портланд 89:92
Сан Антонио – Оклахома 130:91
Феникс – Сакраменто 99:108