Спорт

НБА: Атланта подобра од Бруклин, Перо Антиќ доби одмор

НБА: Атланта подобра од Бруклин, Перо Антиќ доби одмор

Атланта го победи Бруклин на гостински терен со 114:111 и на домаќините им создадоа лоша ситуација во борбата за плеј-офот.

Атланта ја преживеа последната четвртина која ја загуби со 29:20 и го турна Буклин во тешка ситуација. На домаќините не им помогна ниту расположениот Брук Лопез кој имаше дабл-дабл од 26 поени и 10 скокови, а најдобро го следеше Џонсон со пет поени помалку.

Хоукси беа ослабени со неиграњето на Перо Антиќ и Табо Сефалоша поради инцидентот кој се случи пред еден ден.

Најефикасен во таборот на Атланта беше Ал Хорфорд со 24 поени, Скот имаше 20, а Керол 19.

НБА Резултати:

Детроит – Бостон 103:113
Шарлот – Торонто 74:92
Орландо – Чикаго 105:103
Филаделфија – Вашингтон 90:119
Бруклин – Атланта 111:114
Њујорк – Индијана 86:102
Мемфис – Њу Орлеанс 110:74
Милвоки – Кливленд 99:104
Сан Антонио – Хјустон 110:98
Денвер – ЛА Лејкерс 119:101
Јута – Сакраменто 103:91
Далас – Феникс 107:104
Портланд – Минесота 116:91