Спорт

НБА: Атланта повторно загуби, Перо без поени

НБА: Атланта повторно загуби, Перо без поени

Екипата на нашиот Перо Антиќ, Атланта никако да “врзе” неколку победи во серија, откако по победата на Милвоки пред два дена, утринава загуби на гостувањето во Детроит.

Интересно е дека “јастребите” ги губат оние дуели кога тренерот Баденхолцер го ротира тимот, односно ги одмара најдобрите играчи, но синоќа иако настапи со најсилниот состав сепак Атланта загуби.

Пистонси славеа со 105:95, а најзаслужен за оваа победа беше центарот на домаќините, Андре Драмонд кој забележа 22 поени и 13 скока. Кај гостите Табо Сефолоша одигра солиден меч, уфрлувајќи 19 поени во кошот на Детроит, додека Перо Антиќ имаше ноќ која ќе сака побрзо да ја заборави, бидејќи за 16 минути не постигна ниту еден поен, а промаши седум обиди (пет од нив за три поени).

НБА Резултати:

Мајами – Сан Антонио 81:95
Бруклин – Индијана 111:106
Детроит – Атланта 105:95
ЛА клиперс – Голден стејт 106:110.