НБА: Атланта продолжува да “гази” по Западот, заедно со Паркер се вратија и победите за Сан Антонио

Дури и со новото засилување во своите редови, Режон Рондо, тимот на Далас загуби на домашен терен од Атланта со 102:105.

И без одличниот сезонава Џеф Тиг, Атланта продолжува со одличните игри, забележувајќи ја 13-та победа во 14-от натпревар, а втора победа по ред против тимови од Тексас, откако го совладаа и Хјустон пред два дена. Токму замената на Тиг, Денис Шродер беше најефикасен во својот тим со 22 поени и 6 асистенци, додека одлични партии пружија и Кајл Корвер и Ал Хорфорд со 18, односно 17 поени.

Нашиот Перо Антиќ одигра 16 минути, за кои успеа да постигне 5 поени, 3 скокови и 1 асистенција.

“Јастребите” во моментов се наоѓаат на второто место во Источната конференција со скор 20-7, веднаш за Торонто Репторс.

Сан Антонио ја прекина серијата од четири порази (два од нив после три продолженија) откако го совлада тимот на ЛА Клиперс со 125:118.

Најзаслужен за победата на “мамузите” беше повратникот во тимот, Тони Паркер кој со 26 поени беше најпрецизен кај домашните. Одлична партија пружија и Борис Диао со 23, односно Тим Данкан со 21 поен. Ману Џинобили забележа дабл-дабл со 19 поен и 10 асистенции.

Кај гостите, Крис Пол беше најефикасен со 25 поени и 9 асистенции, Блејк Грифин додаде 22, а Џеј Џеј Редик 21 поен.

НБА Резултати:

Шарлот – Денвер 110:82
Чикаго – Торонто 129:120
Хјустон – Портланд 110:95
Мемфис – Јута 91:97
Далас – Атланта 102:105
Сан Антонио – ЛА Клиперс 125:118
Голден Стејт – Сакраменто 128:108

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.