НБА: “Биковите” предводени од Роуз стигнаа до тесна победа против Индијана

Дерик Роуз заработи нова повреда во дуелот против Индијана

Дерек Роуз го предводеше својот тим со 23 поени, но најдобриот кошаркар на “биковите” заработи незгодна повреда на зглобот на левата нога, поради што мораше да го напушти теренот и го пропушти финишот од мечот.

Во самата завршница Индијана имаше шанса и да го добие мечот, но обидот на Пол Џорџ не беше прецизен, па Чикаго беше тимот што се радуваше на победата.

Дирк Новицки и на залезот на својата кариера е тука кога му е најпотребен на Далас.

“Телињата” се мачеа да го скршат отпорот на Филаделфија, па дури со помошта на Германецот (седум поени во последните пет минути) стигнаа до посакуваниот триумф, нанесувајќи им го на домаќините 11-от пораз сезонава.

Новицки со 21 поен беше најефикасен на натпреварот, Парсонс додаде 20 за Далас, додека Окафор беше најефикасен кај Филаделфија со 19 поени.

Сан Антонио рутински си ја одработи задачата стигнувајќи до нова победа над Портланд, овојпат на домашен терен изразена со 13 поени разлика (93:80).

Леонард со 19 поени беше најефикасен кај Спарси, но најзаслужен за триумфот е Ману Џинобили, кој постигна дури 14 од своите 17 поени во последната четвртина, запирајќи ги сериозните обиди за камбек на гостите од Портланд.

НБА резултати:

Филаделфија – Далас 86:92
Чикаго – Индијана 96:95
Хјустон – Бостон 95:111
Мемфис – Оклахома Сити 122:114
Сан Антонио – Портланд 93:80
Феникс – ЛА лејкерс 120:101