Спорт

НБА: Пол Пирс го мина Реџи Милер и се проби на 16-то место на вечната листа на поентери

НБА: Пол Пирс го мина Реџи Милер и се проби на 16-то место на вечната листа на поентери

Ноќеска во НБА лигата беа одиграни седум натпревари, од кои на два домаќините славеа по продолженијата.

ЛА Клиперс го совладаа тимот на Феникс со 121:120 по едно продолжение, додека на Вашингтон му требаа две продолженија да го совладаат тимот на Бостон Селтикс.

Клиперси предводени од фантастичниот Блејк Грифин, кој постигна 45 поени надополнети со 8 скока, славеа против Феникс кој иако имаше дури шест играчи со двоцифрен број поени, сепак не успеа да слави на ова тешко гостување во Калифорнија.

Токму Грифин погоди шут за три поени во последната секунда од продолжението со кој им ја донесе победата на домашните, а на “сонцата” не им помогна ниту Ерик Бледсо кој забележа трипл дабл постигнувајќи 27 поени, 16 асистенции и 11 скокови.

Во Вашингтон пак, на вториот меѓусебен дуел за само два дена, Визардс им се реваншираа на Селтикси за поразот на првиот дуел кој се играше во неделата. Потешко од очекувањата, дури по две продолженија, “волшебниците” славеа со 133:132, победа што уште повеќе добива на значење ако се знае дека гостите и во двете продолженија имаа предност од седум поени.

Токму еден од најдобрите играчи во историјата на Бостон, ветеранот Пол Пирс, кој сега настапува во главниот град на САД, беше најзаслужен за победата на домаќините со 28 поени, 7 скока и 3 асистенции, а одлична партија пружија и Џон Вол со 26 поени, 17 асистенции и 7 скокови како и Марчин Гортат со 21 поен и 12 скокови. Кај “селтикси” најефикасен беше Грин со 28 поени.

НБА резултати:

Индијана – Атланта 92-108
Вашингтон – Бостон 133-132 (2. пр)
Бруклин – Кливленд 88-110
Торонто – Денвер 112-107
Минесота – Голден стејт 86-102
Сакраменто – Јута 101-92
ЛА Клиперс – Феникс 121-120