НБА: Бостон поведе со 2-0 на Истокот, Томас и под стрес до личниот рекорд

Во вториот меч од полуфиналето во плеј-офот во Источната конференција во НБА лигата, Бостон Селтикс по продолженијата ги совладаа Вашингтон Визардс со 129:119, а во Западната конференција првиот натпревар од полуфиналето го доби Голден Стејт Вориорс со 106:94.

Јунак на натпреварот во Бостон беше Ајзеа Томас со 53 кошеви, што е негова рекорд во кариерата. Томас мина стресна седмица денови по загинувањето на неговата помлада сестра и погребот пред неколку дена, но тоа не се одрази на неговата игра.

Првата ѕвезда на Бостон во саботата присуствуваше на погребот на сестрата, а во неделата во првиот меч против Вашингтон остана без заб, а потоа мина шест часа на операција во устата за да се санира штетата. Во понеделникот мина уште четири часа во стоматолошка ординација. На вториот меч пристигна со потечено лице, одвај зборуваше, но тоа не го спречи да брилјира на денот кога неговата почината сестра Чејна требаше да наполни 23 години.

„Ќе играв и без половина од главата, не сакав да го пропушам мечот на нејзиниот роденден. Сето ова што го права е за мојата сестра, знам дека ме гледа и сакава победа на нејзиниот роденден“, изјави по натпреварот Томас.

Сепак, мечот не започна според плановите на домаќините. Гостите одлично влегоа во натпреварот и по првата четвртина водеа со 42:29, со 19-те поени на Џон Вол. Меѓутоа, Бостон се врати уште во втората четвртина, која ја доби со 35:25. На отворањето на третиот дел домаќините изедначија на 76:67, и во продолжените мечот беше изедначен. Визардс на почетокот од последната четвртина направија „плус седум“ (91:84), но Селтикс возвратија со пресврт на 102:99.

Во неизвесната завршница гостите на 30 секунди пред крајот со „тројката“ на Ото Потер поведоа со 114:112, но 14 секунди до крајот Томас изедначи реализирајќи две слободни фрлања. Гостите имаа можност да победат, но Вол промаши. Бостон продолжението го доби со 15:5 и мечот заврши со конечните 129:119.

„По сето она што го мина Томас последните денови постигна 53 коша. Беше сјаен, но и другите повлекоа во вистинскиот момент“, изјави тренерот на Бостон, Бред Стивенс.

Ал Хорфорд кај домашните постигна 15 поени и 12 скокови, додека Џеј Кроудер и Ејвери Бредли додадоа по 14 кошеви. Кај гостите Вал заврши со 40 поени и 13 асистенции. Мариеф Морис постигна 16, а Бредли Биејл и Марсин Гортата по 14 кошеви.

Во вториот меч изминатата ноќ, Голден Стејт Вориорс ја победија Јута Џез со 106:94 и во полуфиналето на Западната конференција поведоа со 1-0.

Вариорс на полувремето имаа 12 поени разлика (58:46) и потоа во продолжението го сочуваа водството. Во редовите на вицешампионот најефикасни беа Стеф Кари со 22 поени и 5 асистенции, Дрејмон Грин и Кевин Дурант со по 17 поени, а Клеј Томас додаде 15 поени.

Кај гостите, пак, најефикасни беа Руди Гоберт со 13 и Гордон Хејвард и Рудни Худ со по 12 кошеви.