Спорт

НБА: Бруклин и Мајами продолжуваат со борбата за 8-та позиција на Истокот

НБА: Бруклин и Мајами продолжуваат со борбата за 8-та позиција на Истокот

Синоќа продолжија возбудувањата во НБА лигата, а особено е интересна битката за влез во плеј-офот.

Бруклин и Мајами водат мртва трка за последната осма позиција на Истокот која води во разигрувањето, а синоќа и двете екипи забележаа победи.

Бруклин по триумфот над ЛА Лејкерс од 107:99 го задржа осмото место на Истокот, останувајќи пред Мајами кој го доби Детроит со 109:102 со 40 поени на Двејн Вејд.

Вејд покрај 40 поени имаше и шест скока, а го следеше Јудонис Хаслем со дабл-дабл ефект од 18 поени и 13 скока. На Пистонси не им помогна ниту одличните партии на Андре Драмонд и Реџи Џексон. Центарот мечот го заврши со 32 поени и 14 скока, а плејмејкерот имаше 31 поен и 9 асистенции.

НБА Резултати:

Вашингтон – Хјустон 91:99
Бруклин – ЛА Лејкерс 107:99
Њу орлеанс – Минесота 110:88
Кливленд – Филаделфија 87:86
Бостон – ЛА Клиперс 106:119
Мајами – Детроит 109:102
Индијана – Далас 104:99
Сан Антонио – Мемфис 103:89
Феникс – Оклахома 97:109