Спорт

НБА: Бруклин израмни против Атланта, Милвоки и Портланд останаа “во игра”

НБА: Бруклин израмни против Атланта, Милвоки и Портланд останаа “во игра”

Тимот на Бруклин Нетс успеа да ја надополни негативата од 0:2 по првите два натпревари, израмнувајќи на 2:2.

Иако Антиќ и соиграчите имаа напад за победа во регуларниот дел, сепак Пол Милсап се сплетка и не успеа да упати удар кон противничкиот кош, по што натпреварот замина во продолжение. Таму кошаркарите на Бруклин постојано беа “еден чекор” пред “јастребите”, што на крајот резултираше и со победа на домаќините од 120:115.

Најефикасен кај “мрежичките” беше Дерон Вилијамс кој постигна 35 поени, на кои дополни и 7 асистенции. Кај гостите Џеф Тиг и Демари Керол постигнаа по 20 поени. Перо Антиќ за 16 минути игра постигна 6 поени, 4 скока и 1 блокада.

На останатите два натпревари кои се одиграа синоќа, Милвоки славеше втор пат по ред, со што намали во двомечот против Чикаго на 3:2. И Портланд успеа да го намали водството на Мемфис, но на 3:1.