НБА: Бруклин победува кога е најпотребно

Екипата на Бруклин Нетс е се поблиску до пласман во плеј-офот откако синоќа, во единствениот натпревар од НБА програмата го совлада Портланд со 106:96.

Со тоа, на пет натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, Нетс се на петтата позиција во Источната конференција со две победи повеќе од Индијана и Мајами кои се деветто и десетто место. Херој на синоќешниот меч беше Брук Лопез кој постигна 32 поени и 9 скока, надигрувајќи го целосно својот брат близнак Робин Лопез кој е член на Портланд.

Освен Лопез, на ниво беше и Дерон Вилијамс кој постигна 24 поени, десет асистенции и шест скока. Портланд играше без Олдриџ, Батум и Кејмен затоа што тимот одамна го обезбеди пласманот во плеј-офот, па тие добија одмор пред многу поважните натпревари во следниот период. Во такви услови, Лилард беше најефикасен со 36 поени.