НБА: “Булси” стигнаа и до седмата победа едноподруго

Кошаркарите на Чикаго продолжуваат со одличната серија во НБА лигата, забележувајќи ја и седмата победа едноподруго.

“Булси” славеа на гостувањето во Индијана со 90:92, победа во која одлични партии пружија Батлер, Гасол и Роуз со 27, 20 односно 17 поени.

Кај домашните единствено Коупленд одигра солидно и забележа 17 поени.

Интересно беше и во Мајами и Хјустон, каде Орландо и Вашингтон минимално славеа на гостувањата со 101:102, односно 103:104.

НБА Резултати:

Шарлот – Милвоки 94:104
Индијана – Чикаго 90:92
Бруклин – Сакраменто 107:99
Мајами – Орландо 101:102
Хјустон – Вашингтон 103:104
ЛА Клиперс – Јута 101:97