НБА: Чикаго единствен со победа на гости, Далас ја “разнесе” Филаделфија

Чикаго Булс е единствениот тим кој славеше на гости, откако го совладаа тимот на Торонто со 93:100. По Гасол со 27 поени беше најпрецизен кај “биковите”, додека значаен придонес во победата имаа и Батлер со 21 и Роуз со 20 поени.

Инаку вечерта ја одбележа победата на Далас Маверикс против Филаделфија. “Маверикси” славеа со цели 53 поени разлика, што е најголема победа во историјата на клубот. Дирк Новицки повторно беше најпрецизен со 21 поен, додека во тимот на Филаделфија работите во моментов делуваат навистина црно, па ако не се превземе нешто, набрзо клубот сигурно ќе сруши уште некој неславен рекорд.

НБА резултати:
Голден Стејт-Бруклин 107:99
Мемфис-Сакраменто 111:110
Торонто-Чикаго 93:100
Далас-Филаделфија 123:70