НБА: Чикаго и Голден Стејт поведоа со 2:0

Голден Стејт и Чикаго поведоа со 2:0 во победи во серијата од првата рунда на НБА плеј-офот.

Вориорси го совладаа Њу Орлеанс со 97:87 иако не блескаа на овој натпревар. Најефикасен во победата на Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 26 поени, кој додаде по три скокови и асистенции, Стеф Кари запиша 22, додека Дрејмонт Грин мечот го заврши со 14 поени, 12 скокови и 5 асистенции.

Кај Пеликаните се истакна Ентони Дејвис со 26 поени и 10 скокови, а го следеше Ерик Гордон со 23 уфрлени коша.

Чикаго беше подобар од Милвоки со 91:82, благодарејќи пред се на одличната игра на Џими Батлер кој втор меч по ред поставува плеј-оф рекорд. Тој на ноќешниот натпревар имаше 31 поен, а додаде 9 скокови и две асистенции.

Третите мечеви од серијата се играат во четврток во Милвоки, односно Њу Орлеанс.