НБА: Детроит со неверојатен пресврт славеше на гостувањето во Портланд

Реџи Џексон со маестрална партија во која постигна 40 поени ги предводеше Пистонси до победа на гостувањето во Портланд

Пистонски славеа во Портланд со 120:103, а во последните дванаесет минути беше неверојатни 41:11 за тимот на Стен Ван Ганди.

Детроит во третата четвртина имаше негатива од цели 18 поени, пред почетокот на последната четвртина губеше со 13 поени разлика, но тогаш експлодира Реџи Џексон. Во последните 12 минути постигна 26 поени, од вкупно 40 на мечот што е негов рекорд во кариерата.

Блескаше и Андре Драмонд со 29 поени и фантастични 27 скока.



НБА резултати:

Портланд – Детроит 103:120
Оклахома – Феникс 124:103
Мајами – Торонто 96:76
Њујорк – ЛА Лејкерс 99:95
Кливленд – Индијана 101:97

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.