НБА: Драгиќ “одмазднички” кон своите, Вајтсајд и Лен во “клинч”

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а победи остварија Торонто, Бруклин, Мајами, ЛА Клиперс и Далас.

Во центарот на вниманието беше победничкото враќање на Горан Драгиќ во Феникс каде со 21 поен го предводеше Мајами до победата против поранешниот свој тим, Феникс Санс со 115:98.

Сепак, мечот беше во сенка на инцидентот во кој главните улоги ги имаа Хасан Вајтсајд и Алекс Лен.

НБА Резултати:

Филаделфија – Торонто 103:114
Бруклин – Голден стејт 110:108
Мајами – Феникс 115:98
Минесота – ЛА Клиперс 105:110
Далас – Њу Орлеанс 102:93