Спорт

НБА: Голден Стејт е нов шампион во НБА !

НБА: Голден Стејт е нов шампион во НБА !

Екипата на Голден Стејт е шампион во НБА-лигата, откако синоќа во „Квикен лоанс“ арената славеше со 105-97 и стигна до 4-2 во победи во финалната плеј-оф серија против Кливленд.

За Воиорс ова беше прв шампионски пехар по цели 40 години. Леброн Џејмс мораше да го признае поразот и да им подаде рака на противниците. Тој останува без шампионски пехар со Кавалирс, откако загуби и во големото финале во 2007 година.

Без Кајри Ирвинг и Кевин Лав, суперстарот на Кливленд не можеше сам да им се спротивстави на Стеф Кари, Клеј Томсон, но и на одличниот ветеран Андре Игудала, кој воедно беше прогласен и за МВП на финалната серија.

Кари и Игудала постигнаа по 25 поени и беа најзаслужни за четвртата победа на Вориорс во финалето. Леброн Џејмс броеше до 32 поени, 18 скока и 9 асистенции, Џеј Ар Смит постигна 19, додека Тимофеј Мозгов реализираше 17 поени.