НБА: Голден Стејт го демонтраше ослабениот Сан Антонио (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт го добија вториот натпревар од финалната серија до четири победи во Западната конференција на НБА лигата со дури 36 кошеви разлики (136:100) откако го победија ослабениот Сан Антонио кој настапи без најдобриот играч Кауај Ленард кој се повреди на почетокот од третата четвртина од првиот дуел во кој неговите Спарс ја испуштија предноста од 25 кошеви.

Во вториот меч Сан Антонио во ниеден момент не беше конкурентен против разиграните Вориорс, па гостинскиот тренер Грег Попович во последните 15 минути во игра ги држеше исклучиво кошаркарите кои инаку имаат само епизодни улоги.

Голден Стејт веќе по првата четвртина имаше предност од плус 17 (33:16), на полувремето беше плус 28 (72:44), на крајот од третата четврина плус 31 (106:75), а на крајот од мечот плус 36 (136:100). Најголемата предност, од дури 41 поен (129:88), домашните ја имаа во 44 минута.

Капитенот на Голден Стејт, Стеф Кари беше најдобар на мечот со 29 кошеви, со шут од 8 од 13 и за „тројка“ 6 од 9, на што додаде по седум скокови и асистенции,. Патрик Меккев за 26 минути игра со 18 поени беше втор стрелец во победничката екипа, пред Кевинт Дурант кој уфрли 16 кошеви и Дрејмодн Грин со 13 поени, девет скокови и шест асистенции.

Џонатан Сајмонс добро го замени Ленард во почетната петорка и со 22 кошеви убедливо беше најдобар стрелец кај Сан Антонио. Дејвис Бертанс со 13 поени беше единствениот играч покрај него со двоцифрен ефект. Целосно потфрлија центрите Ламаркус Олдриџ со осум и По Гасол со седум кошеви.

Третиот меч од серијата ќе биде одигран ноќта кон неделата во 3 часот по македонско време, па можно е Ленард дотогаш да закрепне и да им помогне на соиграчите во настојувањата да ја вратат неизвесност во финалето од Западната конференција.

Ноќта кон четвртокот, во 2,30 часот по полноќ, во Бостон започнува финалната серија во Источната конференција, Селтикс ќе се обидат да ја запрат победничката серија на актуелниот шампион во НБА, Кливленд Кавалирс, коишто сметајќи ги и завршните три победи во минатогодишниот голем финален пресврт против Голден Стејт, се непоразени во последните 11 дуел во плеј-офот. Вторито натпревар од оваа серија, исто така, ќе се игра во Бостон, веќе ноќта кон саботата во 2,30 часот по полноќ.