НБА: Голден Стејт го освои Западот – на ред е Лигата

По пауза од 40 години Голден стејт се пласираше во големото финале во НБА лигата во кое ќе се сретнат со Кливленд.

Во пееттиот меч од финалето на Западната конференција, Вориорси славеа со 104:90 на домашен терен против Хјустон за конечна победа од 4:1 во серијата.

Сосема заслужено Голден стејт ќе биде дел од големото НБА финале апсолутно доминирајќи сезоната. И на синоќешниот натпревар тимот беше предводен од Стеф Кари кој постигна 26 поени, а го следеа Барнс со 24 поени и Клеј Томпсон со 20 постигнати поени.

За разлика од претходната средба, овој пат кај Хјустон потфрли Џејмс Харден кој имаше неверојатни 13 загубени топки, што е рекорд на плеј-оф дуелите. Постигна само 14 поени, додека најдобар во поразениот тим беше Двајт Хауард со 18 поени и 16 скока.