Спорт

НБА: Голден Стејт ја “растури” Атланта

НБА: Голден Стејт ја “растури” Атланта

Двобојот помеѓу најдобрите две екипи во НБА лигата, Голден Стејт и Атланта кој се играше утринава, заврши со победа на домашните.

“Вориорс” славеа со 114:95, а најзаслужен за оваа победа беше Харисон Барнс со 25 поени. Одличен кај домаќините беше и Дрејмон Грин кој имаше одличен учинок за три поени (5/7).

Од друга страна, потфрлија и главните играчи на Атланта. Корвер повторно не играше поради повреда, па најефикасни беа Демар Керол и Пол Милсап со по 16 поени, но вкупен шут од поле 11/26. Перо Антиќ на теренот помина речиси 20 минути и за тој период постигна само три поени (сите од линијата )за слободни фрлања) и оствари пет скока.

Со оваа победа, Голден Стејт стана најдобриот тим во НБА лигата, на околу еден месец пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

НБА Резултати:

Голден Стејт – Атланта 114:95
Јута – Вашингтон 84:88
Сакраменто – ЛА Клиперс 105:116
Мајами – Портланд 108:104
Торонто – Минесота 105:100
Милвоки – Сан Антонио 103:114
Чикаго – Индијана 103:96
Далас – Орландо 107:102
Оклахома – Бостон 122:118
Кливленд – Бруклин 117:92
Филаделфија – Детроит 94:83