НБА: Голден Стејт на чекор од големото финале

Голден Стејт Вориорс се на чекор до големото финале во НБА лигата, откако во третиот меч од завршницата на Западната конференција поведоа со 3-0 против Сан Антонио Спарс, совладувајќи ги на нивен терен со 120:108.

Голден Стејт имаат можност да ја затворат серијата до четири победи веќе во четвртиот натпревар кој се игра во понеделник во Сан Антонио.

Вориорс станаа третиот клуб во историјата на НБА лигата кој победил во сите први 11 натпревари од плеј-офот. Кливленд Кавалирс моментално имаат скор од 10-0 и водат со 2-0 во серијата против Бостонс Селтикс во финалето од Источната конференција.

Кевин Дурант постигна 33 кошеви со 10 скокови за Голден Стејт, а Стеф Кари додаде 21 поени, станувајќи водечкиот стрелец на Вориорс во постсезоната, пред членот на Куќата на славните, Рик Бери.

Откако останаа без својот најдобар стрелец Кауаи Ленар и Тони Паркер поради повреди, Спарс го загубија и Дејвид Ли кој го повреди коленото во првата четвртина.

Најефикасни кај Спарс беа МАну Џинобили со 21 кош, а Ламаркус Олдриџ додаде 18 поени.