НБА: Голден Стејт не знае за “доста” – стигнаа до 15 од 15

“Воините” синоќа одиграа уште еден одличен меч и триумфираа со 105:118 на гостувањето против Денвер, предводени од Томпсон кој постигна 21 поен, два повеќе од Стеф Кари.

Имаме самодоверба, не се залетуваме, туку искрено веруваме дека нема да загубиме меч во блиска иднина. Тоа е така бидејќи знаеме дека можеме да играме уште подобро, изјави Кари по натпреварот во Денвер.

Слабите игри на ЛА Клиперс продолжија и со синоќешниот домашен пораз од Торонто, по што амбициозниот состав на Клиперси има негативен скор (седум победи и осум порази), многу слаб ефект за тимот што беше најавуван како главен ривал на Голден стејт во западната конференција.

Оклахома во интересен дуел славеше над Далас со 117:114, запирајќи ја серијата од шест победи на гостинскиот состав.

Расел Вестбрук со 31 поен и 11 асистенции беше најзаслужен за оваа победа, во која повторно не учествуваше повредениот Кевин Дурант.

НБА Резултати:

ЛА Клиперс – Торонто 80:91
Бруклин – Бостон 111:101
Њу Орлеанс – Феникс 122:116
Оклахома – Далас 117:114
Денвер – Голден Стејт 105:118
ЛА Лејкерс – Портланд 93:107