НБА: Голден Стејт поведе против Хјустон

Кошаркарите на Голден стејт го совладаа Хјустон со 110:106 во првиот меч од финалната серија на Западната конференција во НБА лигата.

Гостите во втората четвртина имаа предност од дури 16 поени разлика, но Голден стеј предводен од Стеф Кари, кој дуелот го заврши со 34 постигнати поени, успеа да направи комплетен пресврт и да ја добие првата пресметка.

Голден стејт во регуларниот дел од сезоната го збришаа Хјустон, бидејќи сите четири поеди им беа со двоцифрена разлика. Од тој аспект, Хјустон може да најде утеха во поразот со кој ја отворија финалната серија на конференцијата.

Сепак, иако домаќинот во првиот дел имаше негатива од 15, со серијата од 25:6 направи комплетен пресврт и на пауза замина со предност. Во вториот дел проработи Кари кој постигна 21 од своите 34 поени, Харден воглавно имаше одговор, но победата на крајот сепак остана во “заливот”.

“Ракетите” во првиот дел им создаваа доста големи проблеми во рекетот на домаќините, до душа, и Кер многу мешаше и комбинираше. Сепак, во прилог му одеше и повредата на Харден, кој се врати на паркетот, но беше лимитиран, па на крајот од третата четвртина и дефинитивно го напушти мечот.

Харден броеше до 28, имаше и 11 скока, како и 9 асистенции, но во финишот Кари со двете слободни фрлања го докрајчи ривалот.