НБА: Голден Стејт продолжува со одличните игри на почетокот од новата сезона

Голден Стејт продолжува со одличните игри на стартот од новата сезона

Без пораз на стартот на сезоната е и Торонто на Истокот, а по стартниот пораз кај Чикаго, екипата на Кливленд врза четири триумфа по ред.

Голден Стејт го имаше најголемиот испит на стартот од сезоната и успеа да се справи со предизвикот. Во последната четвртина имаше дефицит од 10 поени, но благодарение на Харисон Барнс, но и на Стеф Кари успеа да направи пресврт и да му го нанесе првиот пораз на тимот од Лос Анџелес со 112:108.

Првата петорка на шампионот беше со двоцифрен ефект, а најмногу постигна Стеф Кари 31 поен, Барнс постигна 17, додека Клеј Томсон реализираше 16 поени. Кај Клиперси, Крис Пол имаше 24 поени, Блејк Грифин постигна еден помалку, а Деандре Џордан заврши со дабл-дабл ефект од 11 поени и 13 скока.

Резултати НБА:

Индијана – Бостон 100:98
Вашингтон 102:99
Атланта – Бруклин 101:87
Кливленд – Њујорк 96:86
Хјустон – Орландо 119:114
Милвоки – Филаделфија 91:87
Оклахома сити – Торонто 98:103
Феникс – Сакраменто 118:97
Јута – Портланд 92:108

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.