НБА: Голден Стејт со неверојатно достигнување

Актуелниот шампион до ваквото неверојатно достигнување стигна со доминантната победа над Лос Анџелес Лејкерс од 111:77.

“Воините” уште по првата четвртина се стекнаа со високи 19 поени предност, а дилемите ги решија во третиот период кој им припадна со 35:17 и така го соборија рекордот кој го делеа Вашингот Капитолс од 1948 и Хјустон Рокетс од 1993 гoдина.

Голден Стејт беше предводен од кој друг ако не Стеф Кари, кој постигна 24 поени, забележа 9 асистенции и 4 скока за 30 минути игра, а по него следеа Дрејмонд Грин со 18 поени и Леандро Барбоса со 13.

Кај Лејкерси предничеа Џулијус Рендл и Лери Ненс со по само 10 поени.

НБА Резултати:

Вашингтон – Индијана 106:123
Атланта – Бостон 121:97
Мемфис – Далас 110:96
Денвер – ЛА Клиперс 94:111
Портланд – Чикаго 88:94
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 111:77