НБА: Харден го издигна па го закопа својот тим

Тимот на Голден Стејт повторно со многу мака стигна до победа против Хјустон, но сепак успеа да поведе со 2:0 во западното финале во НБА лигата.

“Воините” славеа со 99:98, натпревар во кој Џејмс Харден речиси 48 минути (без последните 10 секунди) беше херој, а сепак на крајот трагичар.

“Брадата” постигна 38 поени, 10 скока и 9 асистенции, враќајќи го својот тим буквално од “мртвите”, бидејќи Голден Стејт водеше и со 17 разлика. Сепак во последните 10тина секунди направи целосна збрка и она што требаше да биде напад за победа на гостите, Харден го претвори во трагедија.

Одличен во поразениот тим беше и Двајт Хауард, кој поради повреда на коленото беше неизвесен за овој дуел, но сепак запиша 19 поени и 17 скока.

Стеф Кари на спротивната страна имаше 33 поени, 6 асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.