НБА: Харден “испука” 45 поени, недоволно за да се победи Портланд

На одиграните седум натпревари во НБА лигата, гостите беа поуспешни и славеа на четири од нив.

Портланд славеше на тешкото гостување во Хјустон со 98:109, а ни 45-те поени на Џејмс Харден не беа доволни за домашниот тим да триумфира против расположените “блејзерси”. Инаку Харден за малку не забележа трипл-дабл, односно на 45-те поени додаде и 9 скока и 8 асистенции. Сепак, без помошта на Двајт Хауард, кој е повреден, тешко беше да се победи одличниот тим на Портланд.

Кај гостите најмногу се истакна двоецот Олдриџ-Лилард, кои постигнаа 24, односно 23 поени.

Тесни победи на гости забележаа и Индијана, Минесота и Чикаго.

НБА Резултати:

Оклахома – ЛА Клиперс 131:108
Кливленд – ЛА Лејкерс 120:105
Шарлот – Индијана 102:103
Детроит – Минесота 83:85
Мемфис – Атланта 94:88
Орландо – Чикаго 97:98
Хјустон – Портланд 98:109