НБА: Харден оствари нов “трипл-дабл”, Спарси повторно поразени

Шампионот Сан Антонио Спарс продолжува со игрите топло-ладно, откако синоќа доживеа нов пораз во кошаркарската НБА-лига. Јута Џез им го нанесе 22-от пораз сезонава, со триумфот со 90:81.

Најзаслужен за победата на домашните беше Треј Бурк кој постигна 23 поени, додека Гордон Хауард додаде 18. со кој првпат по пет години, „џезерите“ имаат позитивен ефект во серијата мечеви во сезоната со ривалот од западната конференција.

Најдобар поединец во Сан Антонио беше Тим Данкан кој забележа 14 поени. Борис Диао даде 13 поени за шампионот.

Џејмс Харден стигна до својот трет трипл-дабл сезонава, откако на мечот против Минесота забележа 31 поен, 11 скока и 10 асистенции. “Брадата” беше главниот “виновник” што Хјустон славеше со 113:102. Ниту 30-те поени на Ендрју Вигинс, ниту надополнувањето на 14 поени негатива во последната четвртина не и помогнаа на Минесота.

НБА Резултати:

Мајами – Филаделфија 119:108
Чикаго – Милвоки 87:71
Хјустон – Минесота 113:102
Њу Орлеанс – Торонто 100:97
Денвер – Бруклин 82:110
Феникс – Бостон 110:115
Јута – Сан Антонио 90:81
ЛА Клиперс – Мемфис 87:90