НБА: Харден продолжува со одличните игри – постигна 44 поени против Индијана

Тимот на Хјустон продолжува со одличните игри, за што говори и фактот дека синоќа ја забележаа 47-та победа сезонава.

“Ракетите” славеа на гостувањето во Индијана со 100:110, а клучен фактор за победата беше одличната игра на Џејмс Харден, кој постигна 44 поени, 7 асистенции и 4 скока.

Во отсуство на Двајт Хауард, Харден целосоно ги превзема “конците” во свои раце, водејќи го својот тим до третата позиција на Западот, веднаш за Голден Стејт и Мемфис.



НБА Резултати:

Индијана – Хјустон 100:110
Бруклин – Бостон 91:110
Њујорк – Мемфис 82:103
Чикаго – Шарлот 96:86
Голден стејт – Вашингтон 107:76
Јута – Минесота 104:106 (прод.)