НБА: Харден уфрли 50 поени во кошот на Денвер за нова победа на Хјустон

Џејмс Харден продолжува со одличните игри во тимот на Хјустон, а последен во низата “one man show” е дуелот против Денвер, на кој “брадата” постигна 50 поени.

Неговиот тим славеше со 118:108, а Харден беше најзаслужен за оваа нова победа на “ракетите”, откако на 50-те поени додаде и 10 скока и 4 асистенции. Интересно е дека речиси половина од поените кои ги постигна бекот на Хјустон беа од линијата за слободни фрлања, односно Харден погоди 22 од вкупно 25 обиди.

Освен него во победата на Рокитс се истакнаа и Тревор Ариза со 17 поени, Џош Смит со 12 поени, како и Патрик Беверли со 10 поени и 7 асистенции. За Денвер, Вилсон Чендлер имаше 23 поени и шест скока, а Ренди Фој уфрли 23 поени.

НБА Резултати:

Хјустон – Денвер 118:108
Минесота – Њујорк 95:92 (пр)
Феникс – Њу Орлеанс 74:72
ЛА Лејкерс – Јута 73:80