Спорт

НБА: Хјустон го елиминираше Далас, Сан Антонио поведе против ЛА Клиперс

НБА: Хјустон го елиминираше Далас, Сан Антонио поведе против ЛА Клиперс

Хјустон го елиминираше Далас пласирајќи се во полуфиналето на Западот по вкупниот триумф во победи од 4:1, додека Сан Антонио дојде до нов брејк против ЛА Клиперс за водство од 3:2 во серијата во првата рунда плеј-оф дуели од НБА лигата.

Хјустон во својот “Тојота центар” забележа прва победа во плеј-оф серија по шест години, предводен од Џејмс Харден со 28 поени за триумф од 103:94.

Актуелниот шампион, пак, во Лос Анѓелес на брејкот одговори со брејк, за победа од 111:107 во која одличен беше Тим Данкан со 21 поен и 11 скока, па Спарси сега ќе имаат “меч топка” на домашен терен.

Токму победникот од серијата меѓу екипите на Грег Поповиќ и Док Риверс ќе биде ривал на Хјустон во битката за финалето на конференцијата.