НБА: Хјустон го стори невозможното – се врати од 1:3 и славеше со 4:3 против Клиперси

Кошаркарите на Хјустон се пласираа по 18 години во финалето на Западот од НБА плеј-офот каде од среда ќе играат со Голден стејт.

Хјустон со победата од 113:100 во седмиот меч го елиминираа ЛА Клиперс иако губеа и со 1:3 во серијата и заостануваа 19 поени во шестиот меч. До финалето на конференцијата ги предводеше Џејмс Харден со 31 поен, 8 асистенции и 7 скока, а извонредно го следеше Ариза со 22 поени и седум скока, додека Двајт Хауард запиша “дабл-дабл” со 16 поени и 15 скока.

Кај Клиперси најмногу се истакнаа Блејк Грифин со 27 поени, 11 скока и 6 асистенции и Крис Пол дополни со 26 поени, 10 асистенции и 5 скока.