НБА: Хјустон ја елиминира Оклахома, трети победи за Сан Антонио и Јута

Три натпревара се одиграа ноќта кон средата во плеј-офот од НБА лигата по кои Хјустон стана третиот тим со изборено конференциско полуфинале, додека на чекот од таков резултат се Јута и Сан Антонио.

Хјустон на домашен терен во петтиот меѓусебен дуел од разигрувањето ја совлада Оклахома со 105:99 и со 4-1 во победи оди во следната рунда. Најефикасен на дуелот кај победникот беше Џејмс Харден со 34 поени, додека на Расел Вестбрук му фалеше една асистенција за „трипл-дабл“ – 47 поени, 11 скокови и 9 асистенции.

Хјустон во полуфиналето на Запад ќе игра со подобриот од дуелот Сан Антонио – Мемфис. Сан Антонио поведе со 3-2 по триумфот пред своите навивачи со 116:103.

Трета победа во серијата оствари и Јута над ЛА Клиперс со 96:92 и ќе ја има предноста домашен терен на следниот меч кој може да биде решавачки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.